Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 мај 2017
Викендов, додека биле во депо, дел од новите кинески возови на Македонски железници добија ново руво. На нив се нацртани графити, кои некои ги сметаат за уметност.
Цртањето било извршено, во текот на ноќта, и покрај присуството на вработени на МЖ во овој објект. Нацртан со бои е патничкиот воз кој денес сообраќаше на релацијата Скопје – Битола и обратно.
Со истите вакви графити се ишарани и поголем дел од патничките вагони, моторните возови -шпански и електричните – руски.
Tweet |