Петар Печков
Објавено: недела, 06 септември 2015
По повод 8-ми Септември, Денот на Државноста и потоа 20-ти септември Денот на пензионерите Здружението на пензионерите и иницијативниот одбор за реактивирање на овој спорт во градот, се одржа шаховски турнир. Учествуваа 20 шахисти, кои играа по Бергеров систем, секој со секого. Победи Кире Јачев со 17 поени, пред Тоше Габеров со 16 и Саздо Кицевски со 15,5. Победникот Јачев, кој повеќемина велешани го знаат како фудбалски вљубеник, овој пат покажаа дека шахот е негова голема пасија.
Уште од мали нозе сум вљубеник во шахот. Посакувам многу млади, деца за започнат да се бават со овој спорт, тоа е спорт за интелигентни. Згора на тоа може да се игра на компјутер на лап топ, таблет. Ме радува иницијативата за обновување на шаховскиот клуб во градот и одржувања на овој турнир. На него имаше интересни партии и добри противници. - изјави Јачев. Турнирот траеше три дена и затоа се играше со забрзано темпо, секоја партија по 10 минути. За најдобро пласиран пензионер беше прогласен Саздо Кицевски.
Овој турнир беше промоција на новиот шаховски клуб Велес, која наскоро ќе започне да работи. Иднината на шахот ќе ја гледаме ви помладите шахисти, ќе бараме од професорите по физичка култура да децата учат и шах. За повозрасните пак ќе одржуваме турнири- изјави Левче Мартинов голем шаховски вљубеник и еден од организаторите на турнирот. Според него најдобри партии покажал Саздо Кицевски, но нему не му одговарал забрзаниот систем на играње.
Во Велес има потенцијал и има заинтересирани. И млади и возрасни. Во Велес има родители кои сакат нивните деца да играат шах и наскоро тоа ќе им сед оствари. Токму овој турнир покажа дека интерес има и кај спонзорите, фирмите да ни помагаат - појасни Ристе Трајановски исто така шаховски вљубеник.
Tweet |