Петар Печков
Објавено: вторник, 19 октомври 2010
Таман тргнаа на работа, работниците од Киро Ќучук се повторно дома. Во петокот попладне ЕВН ја исклучи електричната енергија поради милионски долг на фабриката за цигли.
Претходно беа уредно известени, дека доколку не се плати долгот за испорачана а неплатена струја, ќе бидеме приморани да ја исклучиме. Во дадениот рок плаќањето не се изврши, па согласно правилниците за работа се пристапи кон исклучување - изјавија од ЕВН Македонија.
Раководството на Киро Ќучук и претходно имало долг кон ЕВН, но тој бил плаќан, но последните месеци повторно се создала милионска фактура за подмирување, па од ЕВН биле приморани да ја исклучат струајта. Така 200 работника откако еден месец одеа на работа и земаа плата, сега се повторно дома.
Tweet |