речник контакт

Киро Ќучук остана без концесии за ископ на земја

Владата ги одзема концесиите за ископ на земја, глина и варовник на АД Киро Ќучук поради неплаќање на концесијата

Петар Печков

Фабриката за тули Киро Ќучук од Велес без концесиите за  ископ на земја. Со ова сериозно е доведена во прашање судбината на друштвото  кое моментално работа има ангажирано 150 лица.

Но таа и онака се судрува со огромни  финансиски проблеми, често се исклучува струјата поради неплатени сметки, работниците немаат земено плати  со години, ене се плаќаат давачките кон државата. Од Министерството за економија ја потврдија веста дека им се одземени  локациите од каде фабриката се снабдуваше со репроматеријал.

Поради неплаќање на концесијата и долг, Владата ги одзема концесиите за ископ на земја, глина и варовник на АД Киро Ќучук од Велес. Истите се наоѓаа во реонот на селата Чашка и Раковец. Станува збор за пет ископи од каде повеќе друштвото не ќе може да копа земја – изјавија од Министерството за економија.

Ова  сериозно ќе го блокира работењето на фабриката, бидејќи сега е прашање од каде таа ќе се снабдува со неопходната глина. Раководството на друштвото е недостапно да одговори  како планира да работи во следниот период. Работниците затечени од оваа информација дека им е одземена концесијата за ископ. Но последните настани во АД Киро Ќучук ги потврдиле нивните стравувања дека нешто се случува.

Директорот од нас бара да копаме во кругот на фабриката, иако ова земја не е работена со години. Не знаевме зошто, а еве сега излезе  дека ископот на глина од површините во Чашка и Раковец  е стопиран.  Како ќе заврши ова никој не знае – велат работниците кои се уште ги грее надежта дека од работата во  фабриката може да се живее, иако имаат 30 неисплатени плати.

УЈП пак побарува милионски суми за неплатен ДДВ и персонален данок. Иста е судбината и на двата Фонда  за ПИОМ и Здравство, кои од  АД Киро Ќучук побаруваат милионски суми за неплатени придонеси. А  работниците велат дека добиваат плата на рака, во ноќните часови.

Директорот Камчев пред некој ден не натера да одиме до старите цистерни во фабриката за вар во Превалец и од таму да го преточуваме мазутот, кој е таму останат уште од пред 15 години. До ова дереџе дојдовме, пари се нема, струја нема, мазут нема, сега и земја за работа нема – вели работник од фабриката.

  Агонијата на друштвото започна пред пет години, целокупниот имот е под хипотека. Пред месец дена АД Киро Чучук се спаси од стечај, откако Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ЦЕНТАР-БЈ увоз-извоз Прилеп го повлече предлогот а беше именуван и предстечаен управник Димитар Аџиев. Ова не му е прв пат да се спаси до стечај, така беше и во 2007-та тогаш по барање на Фондот на ПИОМ. 

Директорот Киро Камчев е недостапен за јавноста, но затоа за состојбите во друштвото ќе мора да одговара пред велешкиот суд, Таму следната седмица во ист ден, во два наврати ќе седне на обвинителната клупа поради финансиски малверзации и злоупотреба на службената должност. Токму таму пред судот тој одговори и зошто е вака лоша состојбата во друштвото.

Многу и често дававме на вересија, со надеж дека стоката ќе ја платат. Им верувавме на луѓето, но еве сега дојде во ваква лоша состојба – изјави Камчев на едно од бројните судски рочишта кои се водеа против него во Основниот суд во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »