Петар Печков
Објавено: среда, 09 мај 2012
По повеќе месечна пауза започна со работа велешката фабрика за цигли Киро Ќучук. Фабриката која поради големи долгови кон доверителите, пред два месеци се спаси од стечај, повторно е пуштена во работа од почетокот на неделава. Работно се ангажирани стотина лица, повеќето млади, откако повеќето вработени поради со години неисплатените плати си дале отказ.
Претходно државата и ги одзема концесиите за ископ на земја, глина и варовник откако АД Киро Ќучук не ја плаќаше концесијата. Раководството на фабриката не соопштува како ќе го решава овој проблем со суровините, но и со блокираната сметка која не функционира од јуни 2006-тата. Вработените се радуваат што таа се рестартираше, но стравуваат дали ќе се повтори состојбата од последните три години, кога фабриката ќе работи и по неколку месеци ќе сопре. Ад Киро Ќучук која важеше за една од најголемите фирми во Велес вработуваше и 800 работника пред десетина години, за сега таа да изнесува 100 лица.
Tweet |