речник контакт

Киро Ќучук се продава за 226 милиони денари

Рок на прибирање понуди е еден месец. Се продава целокупниот комплекс, градежни објекти, машини, хали, погони, транспортни средства

Петар Печков

Одборот на доверители на АД Киро Ќучук во стечај донесе одлука фабриката да се продава.  Почетната цена е проценета вредност од 226  милиони денари или  3,65 милиони евра. Во неа влегува  целокупниот комплекс и имот, производни погони, машини, транспортни средства, градежни објекти и хали. 

Понудите во затворен плик треба да  се достават во наредните 30 дена.  Фабриката се продава без обврски кон вработените.  Киро Ќучук    отиде во стечај на 7 февруари лани по барање на УЈП. Таа имаше побарување од 361 милион денари е најголем доверител со 60 отсто од вкупната маса од 600 милиони денари долг.

Меѓу поголемите се и  Фондот на ПИОМ со 105 милиони, Фондот на здравство 23 милиони и фабриката Еленица од Струмица со 27 милиони денари. Меѓу поголемите се и  Фондот на ПИОМ со 105 милиони, Фондот на здравство 23 милиони и фабриката Еленица од Струмица со 27 милиони денари.  Меѓу доверителите се и Општина Велес со  3,4 милиони и ЈКП Дервен со 4,7 милиони денари.  

Во досегашниот период на стечајна постапка никој не пројавил интерес, ниту дошол да ја посети фабриката, за да ги види нејзините можности. Таа беше еден од поголемите капците за производство на цигли и тули на просторот од поранешна Југославија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »