Петар Печков
Објавено: среда, 23 април 2014
Откако пропаднаа двата тендери за продажба на АД Киро Ќучук, Собранието на доверителите одлучи оваа фабрика за цигли да се продава по електронски пат, на аукција.
Тоа е во согласното со новиот Закон за стечај, со кој една фирма може само два пати да оди на продажба.
Почетната цена на АД Киро Ќучук беше 3,65 милиони евра, а втората 2,55 милиони евра. Во двата обиди никој не пројавил интерес за купување на фабриката која произведува цигли.
Рокот кога ќе се изврши аукцијата ќе биде дополнително познат.
Tweet |