речник контакт

Кичевчанец ја претепал две годишната ќерка, која подоцна починала

Обвинителството отворила истрага за убиство при вршење на семејно насилство

Петар Печков

Охридската полиција соопшти за настан кој се случил минатата година, кога било претепано две годишно дете, кое на Божик починало во скопска болница.

„На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30 год ) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала“ - информира Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид.

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“ - соопштија од ОЈО Кичево.

 Тие бараат на осомничениот да му се одреди мерка притвор.

фото википедија/кичево

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »