речник контакт

Клима уредите во чекалната на Железничка во Велес расипани, патниците чекаат на 40 температура во сенка

Од ЈП МЖ Инфраструктура потврдуваат дека клима уредите биле расипани и дека наскоро ќе бидат поправени

Петар Печков

Патниците на Железничка станица Велес реагираат што  на овие високи температури, мораат да користат чекална, каде не работи клима уредот. Ваквата состојба е регистрирана изминатите десетина дена, откако започнаа жештините.

„Во текот на вчерашниот ден, пладневниот воз од Скопје а Битола доцнеше 90 минути поради како што ни објаснија од станицата, проверка на шините кои од високата температура  можеле да се оштетат. И на таква температура кога железото  се оштетува, ние моравме да стоиме или надвор на +40 или во чекалната каде не работат клима уредите. Реагиравме, но ни кажаа дека биле расипани и чекаат да се поправат“ - велат патници кои попладнето патуваа во правец на Прилеп и Битола. 

Од  ЈП МЖ Инфраструктура потврдуваат дека клима уредите биле расипани.  

„Минатата недела е објавен оглас за сервисер за клима уредите. Истите ќе бидат во функција откако ќе заврши процедурата за избор на сервисерот“ - соопштија од МЖ Инфраструктура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »