речник контакт

Книга на Милошевиќ

Соединетите Американски Држави и нејзините европски сојузници намерно ја разбија Југославија - тврди поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ во својата книга која ја напишал во затворската ќелија во Хаг.

Никола Солев

Соединетите Американски Држави и нејзините европски сојузници намерно ја разбија Југославија - тврди поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ во својата книга која ја напишал во затворската ќелија во Хаг. Книгата „Одбраната зборува за историјата и за иднината“, која треба да излезе во април годинава, ќе биде објавена на англиски јазик. Владата на САД и нејзините европски сојузници намерно ги потикнуваа верските и етничките разлики меѓу југословенските народи, со цел некогашната заедничка држава СФРЈ да ја сведат на неколку мали колонијални државички, е основната поента на Милошевиќ, против кого со години во хашкиот трибунал се води судски процес за злосторства во Хрватска, Босна и на Косово. Во книгата се поместува и мислењето на ланскиот нобеловец за книжевност Харолд Пинтер, кој вели дека „американскиот НАТО суд кој му суди на Милошевиќ, секогаш бил нелегитимен и никогаш нема да биде уважен како правичен суд“. Издавач на книгата е британскиот „Индепендент Паблишер груп“, а во предговорот е напишано дека „Лагите на НАТО лидерите послужија да ја оправдаат агресијата врз Југославија“. Книгата, како што јавуваат белградските медиуми, ќе има 180 страници и ќе се продава по цена од околу 20 долари. Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=398&NrSection=20&NrArticle=18200]Макфакс[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »