Петар Печков
Објавено: вторник, 07 ноември 2017
Во велешката библиотека беше промовирана ,,Бричење на петелот,, книга со илустрирани еротски афоризми. Во неа се собрани повеќе афоризми кои се со еротска содржина а се илустрирани со цртежи од македонскиот карикатурист Јордан Поп Илиев, кој годинава слави 50 години творештво. Книгата е работена по избор на карикатури и афоризми од велешанецот Димитар Вилазорски.
Успеав од овие две приказни да направам една, која сигурно ќе ми се допадне на читателите. Го собрав карикатури на Поп Илиев и афоризмите кои ми беа на располагање и од нив направив интересна книга. Прочитав илјадници афоризми од афирмирани афористичари од поранешните југословенски простори и ги вклопив со карикатурите. Застапени се афоризми од познатите автори Ваљак, Чотриќ, Симиќ – Зокс, Кујунџиќ, Николиќ. Има и од македонски автори Васил Толевски, Миле Ѓоргиевски, како и од велешаните Живко Павлов и Атанас Крлевски. Споив две уметности карикатура и афоризам - рече уредувачот на книгата, Вилазорски.
Издавач на книгата е Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин ,, од Велес. Дел од афоризмите се на мајчин јазик од авторите, српски, хрватски,бидејќи книгата ќе се понуди и на тамошните пазари. Македонските автори се пожалија дека се во незавидна ситуација, нема каде да ги пласираат нивните афоризми.
Остен не излегува подолго време и немаме сатирично списание. Затоа објавуваме по социјалните мрежи, има некои портали кои објавуваат. И тоа е малиот, стеснат простор каде може да работиме, иако ние сатиричарите внесуваме ведрина, позитивно во негативните работи во општеството што е водено и критика - рече Марјан Ангеловски од Скопје.
Негова највпечатлив афоризам кој го понуди за читателите е ,,Си го купив најскапото јаже за бесење, еднаш се живее,, и ,,Жена ми толку многу крчеше, што морав да ја убијам,Сега спие како заклана,,.
Tweet |