Петар Печков
Објавено: среда, 03 ноември 2010
,,Мојата прва книга, да им читаме на децата од најрана возраст,, е проект на детската градинка ,,Димче Мирчев,, по кој повод се организира изложба на книги, создадени од децата и нивните родители. Оваа изложба е резултат на трудот на децата од возрасната група од 4 до 6 години, корисници на услугите на градинката и е по повод месецот на книгата. Учествуваат 360 деца со теми и книги блиски на нив.
Оваа возраст на децата е вистински неповторлив период кога можеме да им создадеме љубов и доверба кон книгата. Колку порано се почнува да се негува читањето, толку резултатите ќе бидат поголеми. Една од поголемите причини е секако и заедничко поминатото време со нашите деца – вели Татјана Лазаревски Георгиева, директорка на Детската Градинка Димче Мирчев.
Книгите по завршувањето на изложбата која трае до 10-ти ноември и е сместена во Градската библиотека Гоце Делчев, ќе бидат повлечени во градинките каде децата ќе работат по нивните содржини. Директорката најави дека наскоро во градинките во Велес ќе биде отворена и читалница за деца од предучилишна возраст, каде тие ќе можат во аудио и видео форма да ги проследат содржините наменети за нив.
Tweet |