Петар Печков
Објавено: четврток, 02 мај 2019
Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и годинава ги доделија наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“.
Добитници на наградите се Даниела Андоновска Трајковска, за збирката раскази „КАФЕ, ЧАЈ И ЦРВЕНО НЕБО“, односно Игор Крајчев, за поетската збирка „21“.
„Книгата „21“ на Крајчев е сликовит приказ на себството позиционирано во живото-просторот со модулација која тежнее да го досегне концептот на среќата. Тоа е мисловна визуелизација на комплексните игри сред шаховското поле на животот и смртта, чија зборовна репрезентација конструира самосвој дијаграм на опстој,“ – стои во образложението на жирито, во состав: Христо Петрески, Весна Мундишевска Велјановска и Витомир Долински.
Досегашни добитници на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски, Зоран Јакимоски и Елена Пренџова.
Tweet |