Петар Печков
Објавено: среда, 23 ноември 2016
Караванот на Коалицијата за промени и правда во понеделникот вечер се претстави во Велес. Во салата „Бели Мугри“, Коалицијата ги претстави своите приоритети и ја презентираше програмата. Коалицијата нуди плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра, нивна цел е да се вратат вистинските вредности во државата, од систем кој го пореметила досегашната власт.
Овие параметри не се туку така измислени, туку се базирани на реални пресметки и реални препораки од нашите економисти. Некој ќе праша од каде тие пари. Доволно е да ги вратиме во буџетот оние седум милијарди кои се изнесени од Македонија. Нема да дозволиме извршната власт да биде доминантна над останати. Затоа предлагаме кратење на бројот на пратеници од 123 на 90 и 50 отсто намалување на извршната власт. Пред се укинување на безбројните агенции и регулаторни тела, кои само го оптоваруваат Буџетот. Ова се однесува на администрацијата, која е партиски извршител – примаат плата а седат дома - изјави Кекеновски.
На митингот се претставија кандидатот за пратеник од Велес од Изборната единица 3 -Жан Мешков. Носителот на листата во Изборната единица 3 Весна Стојменовска се осврна на младите и проблемот, како што рече, со нивното иселување од Источна Македонија, која според нивни бројки изнесува околу 60 илјади млади лица.
Зошто е тоа така, бидејќи нема вработување без партиска книшка. Ние ќе го промениме тоа, ќе ги департизираме институциите и ќе им дадеме еднаква можност на сите за вработување. Критериум отсега ќе биде единствено стручноста и квалитетот на кандидатот - порача Стојменовска. Коалицијата предвидува бесплатно здравство за сите граѓани , нов праведен и ефикасен даночен систем и преполовување на функционерките места во администрацијата.
Tweet |