Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 октомври 2017
1. Ако се згоди на куќата на некого да кука кукавица, домаќините на таа куќа ги страв, да не умре некој од ни таја година.
2. Буот кога буа ноќе, ќе фати лошо време: ќе врне дош или снек.
3. Кокошките ако си легнујат рано, годината ќе биде без бериќет.
4. Има чешми, шчо пресекнујат, кога је гладна годината. Тија чешми кога да протечат, годината ќе биде берикетна.
5. Ако му писне уото некому, ке му умре врсник. Ако му горат ушите некому, го зборујат негде.
6. Петле шчо је родено на прф Марта, секој пат запева најнапрет од сите петли.
7. Колку коса, толку аир. Секој продавач прф пат кога ќе продаде од стоката, сос некоја од парите, шчо ке ги земе, ке си потрие брадата или косата за да има „колку коса, толку аир“.
8. Понеделник. Ако заработи некоја со мрзева у понеделник, са недела ке работи мрзливо, така и ако се лути или ако се кара, са недала ке се лути или ке се кара. Така и пари ако зададе некој у понеделник, са недала ке дава пари, од тоа секој се чува да не дава пари у понеделник.
9. Полаза. Ако наутро на некоја жена, шчо почнала да работи, детето или некој друк иј дојде при неја со немиен обрас да иј види работата, жената се лути за полазана: това кеи ј донесе мрзева, та у тој ден не може да извади нишчо работа.
10. Среќа. Стари баби и друзи жени и мажи се чуват наутро, кога излезујат од дома за да не им земе некој патот, да не помине некој на крс на нијното одене. Ги стра, човекот, шчо ке ги срете, да не је несрекен, та цел ден не можат да видат аир од работата. И ако се згоди работата на некоја да погреши у лутината ке рече: „Ме срете еден несрекник“. Има срекен човек, ама и несрекен: со срекен човек ако се здружиш, ке имаш напредок у секоја работа, ако се здру?иш со несрекен, шчо да фанеш, се ке губиш.
11. Потка (зарек).. Има многу жени и мажи заречени поради некоја болес от шчо страдале и от шчо им нарачала бајачката, кога ги лекујала, да не се мијат глава, да не се бричат и да не се бањајат, - едни у торник, друзи у петок. Ако ја расипат потката от непослушуне или от незнаене, белата (несреќата) пак им се повраќа.
12. Кога да излезе некој на пат од некоја куќа, фамилијата негова не мете у куќата до вечерта, за да не се разбере, оти душманите го исчистујат и патникот како ѓубрето. жените ја собираат тревата од тоа место каде што си кажале последното збогум со момчето кое тргнало на тужина и ја изгоруваат во куќата.
13. Дури дои дете, мајката не бива да пие вода. Ако се напие вода мајката, кога иј цица детето, млекото иј се чини како вода.
14. Кога се прави оџак на куќа, мајсторот требе да гледа да не му се испушчи мистријата надоле у оџакот. Ако се стори пакос, да се испушчи мистријата, димот после ке се враќат назад, накаде огинот.
15. Кога им се менуат забите на децата, извадениот зап ќе го земат, ќе го држат в рака и пулејќи се на кај шчо ќе го фрлат, викаат до три пати: „Врано, врано вранице! На ти коскин зап, дај ми сребрен!“ – и после го фрлаат забот.
16. На венчаването младоженците се чувајат за да не се настапат еден друк. Ако без да сакајат да се настапат, настапениот ке лежи болен, а кој шчо настапил ке биде здрав.
17. Рибар коа оди на риба, не бива да му се рече: „со здравие“, оти така нишчо не ке фати. Затова рибарите многу се лутат, кога да им рече некој со здравие.
18. Успиване дете. Кога го тура детето да спие,от како ке го повие, мајка му си тура раката на челцето на детето, прави крс и вика: „Крс на чело“, после ја симнуе раката на мешето на детето и вика. „Крс на срце“, после на нозете на детенцето и вика „плах (упла, уплах) под нози“. Така прави до три пати и секој пат му го стиснуе носето.
19. Ако се згоди некој покрај патот, кај шчо заминујат волоите, кога си идат од оране, ке им постане и ке стои, додека да поминат. Ги ослагујат (им прави чест), оти везден тегнат земња, за да не ранат. (Како што се гледа селаните се поблагодарни на својот добиток, отколку некои богаташи на своите работици).
20. Жени што не раѓаат, кога одат на манастир земаат долги вошчени свеки, за да ја заградат црквата на манастирот, и дената на празникот ја заградујат така црквата околу наокол, та после ке добијат челат. Ушче се спровирјат до три панти низ дупени дрва и камења, и от това се добива раѓата. От Велес и от селата жените одат у четвртците по Велигден на Црн камен, еден и пол саат на јук от Велес на десниот брек на Вардар. От камењот прска силна вода, и жените стојат близу до него за да ги напрска, за да добијат чедо.
21. Кум от сокак. На тија шчо не им трајат децата, отеднаш по раѓањето ушче не задоени ги оставаат децата на сокак, како да ги фрлиле. Коа да го фрлат така детето, бабицата или друга некоја жена стои зад портата и гледа кој ќе го најде прф. Кој да би било да го најде детето, стига да је рисјанин, бездуго требе да му биде кум.
22. Мајка шчо немат татко и мајка, шчо и ујмреле не бива да ги исплетуе првите чарапчиња на децата. Ако ги исплете, кога ќе дојдат децата на нејзините години, ке им умре татко им и мајка им.
Запишал Ѓошо Бојаџиов. От Велес, доставил Д. Матов, 1893,
Tweet |