Петар Печков
Објавено: вторник, 29 ноември 2022
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на синоќешната трибина која ја организираше СДСМ во Велес под мотото „Силно и одлучно кон иднината“говореше за резултати од владеењето на Владата, кога тој е премиер.
„Сите државотворни одлуки од 1991 до денес се донесени од СДСМ, кога претседатели на партијата бил претседателите на Владата и на државата. И затоа велам дека четирите големи буквите на Македонија не се на нашите политички противници, туку на СДСМ. Успешно се справуваме и оваа година со кризата и гледаме во иднината. Како ниту една друга претходна влада се соочивме со здравена криза од ковид пандемијата, па економска и енергетска криза, која зададе силен удар на секоја економија“- кажа Ковачевски.
Тој зборуваше како Владата се справува со економската и енергетска криза, за покачувањето на минималната плата, за покачувањето на пензиите.
„Резултатите од антикризните мерки се видливи. Ја спасивме македонската економија, со овие големи антикризни пакети вредни 760 милиони евра. Тоа е најголемо учество во бруто домашниот производ во регионот, според анализите на Светска банка. Ова е време на солидарност, не е време на изобилие. Нема да поддржам профит за некого, но затоа поддржувам некој што нема. Обезбедивме со 80 проценти за субвенционирана струја за сите 600 илјади домаќинства сметките на граѓаните се помали за пет пати ако не се тие субвенции. Ја субвенционираме за 72 илјади компании кои вработуваат 97 проценти од вработените во државата. За 365 основни и 109 средни и здравствени установи, обезбедивме поевтина струја, или вкупно 518 субјекти се директно поддржани од Владата. Иако училиштата се обврска на локалната власт, оти ќе ги оставеа ладни. Минималната плата ја покачивме двојно од 9 на 18 илјади денари. А во времето на ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше 8 илјади. За десет месеци пензиите ги покачивме за 10 проценти, со зголемувањето во март тоа ќе биде 16 проценти. ВМРО-ДПМНЕ покачуваше пензии само пред избори, затоа ја сменивме методологијата, да бидат врзани со зголемувањето ан просечната плата и со зголемените животни трошоци. Предвидовме во Буџетот за до година средства за зголемување на пензијата и минимална плата. Покажавме дека и во време на криза може да се гради. Инвестиравме најмногу во градинки, 72 за пет илјади дечиња. Инвестиравме во инфраструктура, се градат патишта во земјава, а граѓаните ги чувствата придобивките од завршените експресни патишта. Има бројни инвестиции во фотоволтаични централи, вршиме енергетска транзиција. За десет месеци пуштивме 27 мегавати соларни централи, тие за 11 години пуштија 16 мегавати. Кон Штип се монтираат 25 мегавати ветерни централи. Има една работа во која не можам да се натпреварувам со ВМРО-ДПМНЕ, тие се најдобри каменоресци, 36 во центарот на Скопје, за што се потрошени 2,5 милијарди денари. Во ТИРС зоните годинава се отворени две илјади работни места а бројот таму вработени е над 16 илјади. За споредба за 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ вработиле шест илјади, а за мандатот на оваа влада на СДСМ има 10 илјади вработени. Само минатиот месец во ТИРС се отворија 500 нови работни места. Докажавме дека мојот економски план за развој на Македонија во пракса е можен“- говореше Ковачевски.
Претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, од партиски настан во Велес повтори дека на европскиот пат на земјава има сериозна закана и го посочи Димитар Апасиев, лидерот на политичката партија Левица.
„Најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев.Тој е агент на хаосот. Тој верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него. Неговата цел е да запали оган за луѓето да се стоплат и да заборават дека горат нивните чевли. Еве каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската криза и фрустрацијата ги очајуваат луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса. Во руралните средини, меѓу младите, дури и меѓу средната класа кои се борат под кризата на трошоците за живот. Не се лажете – тој станува посилен“ додаде Ковачевски.
„Идните генерации ќе судат дека одлуката за прифаќање на Францускиот предлог беше државничка и правилна, но не беше ни малку лесна.Имав мачнина кога ја донесував“ - кажа Ковачевски.
На трибината се обрати и претседателката на ОО на СДСМ Велес, Даница Чадиева, која зборуваше за владеењето на локално ниво на ВМРО-ДПМНЕ
„Помина една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, а не се реализираше ниту еден проект. Локалната власт се гордее со проектите кои ги оставивме. Се се` сведува на некоја вградена бехатон плочка. Иако не сме дел од локалната власт, со помош на Владата помага со инвестирања “. Даница Чадиева претседател на ОО на СДСМ Велес.
фото ФБ на СДСМ
Tweet |