Петар Печков
Објавено: вторник, 07 септември 2021
Четворица починати пациенти од последиците на корона вирусот, од нив две лица се од Свети Николе и двајца од Велес. На Инфективно одделение починале тројца пациенти додека еден велешанец на 72 годишна возраст во приватна клиника во Скопје, каде бил на лекување.
„Починати се три лица, две од Свети Николе на 53 и 77 годишна возраст, едно од Велес на 80 годишна возраст. Извршен е еден транспорт на 66 годишен пациент во ГОБ 8-ми Септември“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница. Со ова бројот на починати во велешко, како последица на ковид заразата достигна 186 лица.
Во трите ковид центри од велешка Болница,вкупно се хоспитализирани 65 пациетни, од кои 44 се потврдени позитивни, 11 сомнителни и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 37 пациенти.
На Инфективно одделение се 45, во Модуларната болница и на Интерното одделени по 10 пациенти. Во велешко изминатите 24 часа има пет нови случаи на лица позитивни на корона вирусот а оздравени се десет. Бројот на активни случаи во велешко е 240.
Tweet |