Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јуни 2020
Меѓународниот фолклорен фестивал Велес и фестивалот на античка драма Стоби ова лето нема да се организираат. Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, локалната власт ги откажа овие две манифестации.
Премногу е доцна било што да се организира, забрането е присуство на толкав број луѓе, масовно присуство, затворени граници, ансамблите не можат да патуваат, држење растојание. Тоа се сериозни настани со голем број присутни, голем број учесници, кои во ова време не се одржливи - изјави градоначалникот Аце Коцевски.
Средствата кои беа наменети од општинскиот Буџет за организација на овие манифестации се пренаменети за изградба и санација на градежната инфраструктура.
Tweet |