Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јули 2020
Во текот на вчерашниот ден во велешко се регистрирани три лица позитивни на ковид-19, а еден е оздравен, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи во велешко се искачи на 42 а вкупниот број на заразени е 189 лица, 13 се починати.
Имаме еден случај на лице докажано од минатата седмица, се водел како скопски, денес е одлучено дека жената е велешки случај и претходно е веќе вброена во базата за Велес и таа е на домашно лекување. Имаме два случаи на релативно млади лица, заразени се од родителите, кои се позитивни и во двата случаи, фамилијарен кластер. Имаме едно дете исто така заразено од фамилијарен кластер.Вчера имаме едно лице оздравено од домашно лекување а завчера лице кое било на Инфективно одделение - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.
Така последните денови после двајцата млади полицајци и детето повратник од Србија, вчера ново регистрираните се млади личности, дете и уште две лица.
Од активните случаи 28 се домашно лекување а 13 се на Инфективно одделение. Пациентите од приватните клиники од Скопје се пуштени на домашно, во очекување на вториот негативен тест.
Tweet |