Петар Печков
Објавено: петок, 17 јули 2009
Состојбата со апаратите за дијализа во велешката Општа Болница е катастрофална, наместо по четири часа, се случува пациените да останат на третман и по шест часа. Тие се жалат дека апаратите се дотраени па нивните животи се доведени во опасност. Секое нивно доаѓање на одделението за дијализа е ноќна мора, бидејќи не знаат дека успешно ќе го завршат третманот.
- Сместени сме во одлични просторни услови, кој се донација од Норвешката Влада, но белите ѕидови не лекуваат. Апаратите, кои имаат повеќe од 30 илјади работни часа, повеќе не работат отколку што се во функција. Често се во дефект, откажуваат, па не знаеме иако сме дојдени на третман, дали и ќе успееме да го завршиме – вели Миливој Драган, еден од 45-те пациенти кои на ова одделение.
Тие освен од Велес се и од соседните општини Свети Николе, Чашка, Градско и Лозово. Во Болницата има вкупно 9 апарати, кои се постојано во фукнција, резерви немало, па ако се случи да се расипат во текот на дијализата, пациентите чекаат да заврши некој друг, па тие да продолжат, поради што останувале во Болница наместо четири часа и по шест или повеќе.
- Познавајќи ја состојбата со апаратите за дијализа, морам да се стегам со влез на течности во организмот. Не јадам овошје и не си допуштам нормален живот, поради застарените апарати – изјави Димче Николов, претседател на велешкото здружение на бубрежно болни „Нефрон“. Тој е шеснаесет години пациент на ова одделение и не помни дека за овој период во Болницата има добиено нов апарат, кој вредел помеѓу 12 и 15 илјади.
Во овој период 20-тина пациенти починале, користејќи го старите и дотраени дијализери, но дилемата што е присутна кај овие бубрежно болни е дека можеби нивниот животен век ќе бил подолг, доколку апаратите биле современи. За нивниот проблем одамна, уште во јануари лично го запознале и Министерот за здравство Бујар Османи, испратиле подоцна и писмо до надлежните, но нови апарати сеуште нема. Раководството на Болницата, потврдува дека состојбата била алармантна и очекуваат скоро решавање.
- За жал состојбата со апаратите за дијализа е лоша. Подолго време сме во комуникација со надлежните од Министерството за здравство и наскоро очекуваме дека проблемот ќе се реши со добивање на нови апарати – вели д-р Ванчо Граматов директор на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Tweet |