речник контакт

Кое училиште каква настава ќе организира, со физичко присуство или онлајн

Советот на Општината ги прифатил предлозите на училиштата и тие се доставени до Министерството за образование, кое или ќе ги прифати или ќе ги отфрли

Петар Печков

 Вчера попладне се одржа 4-тата вонредна седница на Советот на Општина Велес, каде имаше за усвојување две точи од дневниот ред, предлог одлука за согласност за физичко присуство на учениците од основните и средни училишта. 

Двете точки од дневниот ред беа прифатени и се доставуваат до Министерството за образование и наука, кое треба да се изјасни, да ги прифати или отфрли.

Повеќето основни училишта  во општината, ќе имаат физичка настава з учениците до трето одделение, а онлајн од четврто до деветто одделение.

Во ОУ Блаже Конески  настава со физичко присуство ќе има и за четврто одделение.   Учениците од прво до петто одделение од ОУ Панко Брашнаров ќе имаат настава со физичко присуство.  Bo ОУ Стојан Стојчевски Буридан во Иванковци училиштето побарало за сите до деветто одделение да има  настава со физичко присуство.

Во ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари  настава  со физичко присуство ќе има и за шесто одделение, освен од прво до трето. Во подрачните училишта на ОУ Васил Главинов во Раштани и Превалец наставата со физичко присуство е за сите ученици од прво до петто одделение.

Четирите средни училишта во градот, Економска, Хемиска, Гимназија и Коле Неделковски се изјасниле за онлајн настава, со тоа што учениците од прва година, во првата недела би доаѓале на училиште, поради запознавање со раководителот на паралелка и со предметните наставници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »