речник контакт

Кои делови на Велес вчера попладне останаа без струја

Од МЕПСО соопштија дека прекин на струјата вчера попладне имало на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле

Петар Печков

Информацијата дека делови од Велес вчера попладне немале струја беше повод  ТрМр да ги праша Центарот за управување со кризи, кои делови од градот, останаа без електро напојување во текот на вчерашниот ден.  Струја немало  од околу 17.20 до 18 часот.

„Од ЕВН соопштија дека без струја биле жителите на Бузалково“ беше одговорот на ЦУК.


Од МЕПСО соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »