Петар Печков
Објавено: среда, 28 јуни 2017
Општина Велес за претстојните два месеци подготви неколку пред се фолклорни манифестации, што ќе бидат културна понуда за жителите на Велес.
Така вечерва, среда ќе има концерт по повод тргнувањето на Гемиџиите, закажан е за 20ч. на платото пред Мало мовче. Од 4-ти до 8-ми јули Велес ќе живее со Меѓународниот фолклорен фестивал.
Последната декада на јули е научен симпозиум за големите дејци од Велес. На 31 јули е чествувањето на Илинден со концерт на фолклорни ансамбли и пејачи.
На 8-ми август е уметничка програма повод патронот на Велес, Св. Пантелејмон. На 18-ти август Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, ќе има уметнички перформанс. На 25-ти август се фолклорни ракувања со концерт од народни звуци.
Во информацијата добиена од локалната власт, меѓу настаните кои ќе се случуваат летово се забележани и годишнините од значајните дејци и настани од Велес и велешко.
На Петровден 12 јули е годишнината од смртта на Андреја Дамјанов, следниот ден 13 јули годишнина од смртта на Панко Брашнар, на 26 јули е годишнина од смртта на борците од Егејска Македонија загинати во тамошната граѓанска војна, на 2-ри август е одбележување на Илинден и на 29-ти август годишнина од смртта на Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Tweet |