Петар Печков
Објавено: недела, 04 јуни 2017
Според Интернационалната организација за кафе, Финците се наоѓаат на врвот на листата со 12 килограми по лице годишно.
Можеби станува збор за студениот скандинавски воздух и кратките денови што прават Финците да консумираат толку кафе. Замјите од северот, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска се исто така големи консументи.
Во Велика Британија оваа количина изнесува 2,8 килограми годишно – или една шолја дневно и државата е рангирана на 46 место во светот.
Во Македонија се консумираат 4,2 килограми по жител годишно.
Еве ја листата на 20 земји кои се најголеми консументи на кафе на годишно ниво:
1. Финска – 12 кг
2. Норвешка – 9,9 кг
3. Исланд – 9 кг
4. Данска – 8,7 кг
5. Холандија – 8,4 кг
6. Шведска – 8,2 кг
7. Швајцарија – 7,9 кг
8. Белгија – 6,8 кг
9. Луксембург – 6,5 кг
10. Канада – 6,2 кг
11. Босна и Херцеговина – 6,1 кг
12. Австрија – 5,9 кг
13. Италија – 5,8 кг
14. Словенија 5,8 кг
15. Бразил – 5,5 кг
16. Германија – 5,5 кг
17. Грција – 5,4 кг
18. Франција – 5,1 кг
19. Хрватска – 4,9 кг
20. Кипар – 4,8 кг
Tweet |