речник контакт

Кокино

Според НАСА во 2005 година местото беше рангирано како четврта мегалитска опсерваторија во светот

Петар Печков

Мегалитната опсерваторија Кокино е археолошки локалитет во Македонија, кој датира од бронзеното време
Мегалитната опсерваторија Кокино во Македонија беше откриена во 2001 година од археологот Јовица Станковски, и се смета дека е стара скоро 4.000 години.

Името Кокино доаѓа од најблиското населено место на планинскиот Татичев камен. Зборот „мегалитски“ е кованица од „мега“ или големо и „литос“ или камен, што ги одразува големите и величенствени камења на Кокино.

Во 2005 година местото беше рангирано како четврта мегалитска опсерваторија во светот, според НАСА.
Не е познато кој ја создал опсерваторијата, но нејзиното постоење може да биде од огромно значење.
Местото се пребарува за напишана азбука, која, ако се најде, ќе ги даде многу потребните одговори за објаснување на раната човечка цивилизација и организација.

Опсерваторијата е направена од шилести карпи од вулканско потекло, поставени скалесто на неколку нивоа. Археолозите велат дека на врвот од опсерваторијата се наоѓаат тронови кои се свртени кон исток за најважните луѓе во населбата да го гледаат небото и небесните објекти.
Близу до троновите се наоѓа „нишан“ што се состои од два вертикални камени блокови со вертикална пукнатина меѓу нив. Раните жители ги следеле движењата на сонцето низ нишанот.

Археолозите открија и други нишани кои имале поразлична употреба од главниот. Едниот од нишаните се наоѓа на десната страна од троновите и му овозможувало на човек да гледа во сонцето во стоечка позиција во точно определени денови.

Има неколку патеки направени за движење околу раната опсерваторија и „просторија“ природно оградена од самиот врв на опсерваторијата, каде што се наоѓа нишанот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »