речник контакт

Кола удрила во воз, повредени нема возачот побегнал со автомобилот

Инцидентот се случил на див премин близу лозјата кај Топилница. Железничкиот сообраќај во прекин 100 минути

Петар Печков

Во неделата  околу 15.15  часот  патиничкиот воз од Битола а Скопје  а во него удрил автомобил, кој минувал на див премин.  Повредени нема а возачот побегнал од местото на настанот са автомобилот.МВР со повеќе информации за инцидентот. 

Неделата попладне  на околу 1 километар пред влезот во Железничка станица Велес, на див премин, се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, управуван од С.Н.(54) од Скопје и патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од непознат возач, а во сопственост на Т.И.(26) од село Добрино, скопско - информираа од МВР 

Според МЖ машиновозачот видел дека има автомобил на пругата и почнал да свири и кочи. Автомобилот кој бил на средина на преминот се вратил, кога возот поминал тој тргнал и удрил во возот. Возот застанал на околу 100 метри од незгодата а кога машиновозачто дошол на местото од настанот автомобилто го немало, ниту патниците. Останала само  на земја регистарската табличка а според очевидците автмобилот бил со зелена боја.

За време на увидот железничкиот сообраќај бил во прекин од 15.15 до 16.55 часот.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »