речник контакт

Колев - не ветувам нешто што не можам да реализирам

Зоран Љутков, носител на советничка листа - Мојата тенденција е Велес да го вратиме на пиедесталот град на културата. Прес на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Петар Печков

Марко Колев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес ја претстави неговата програма за работа, ако стане градоначалник.  Кажа дека таа има 213 проекти кои се во 14 стратешки области.
 
„Јас не ветувам нешто што не можам да реализирам. Нудам 11 капитални проекти, кои живот значат за граѓаните на Општина Велес.  Основно е изработка на Генерален урбанистички план, регулирање на кејот на реката Вардар,  реконструкција на мостот кај Башино село, реконструкција на ТППЕ, истражувачки бизнис центар за младите сместен во зградата на поранешното кино, подземна гаража пред Судот и плоштад во центарот на Велес, проширување на индустриска зона „Мамутчево“, поранешниот Хотел Вила Зора да биде дом за стари лица и дом за деца без родители, ново сообраќајно решение за влезот во населбата кај Спомен Костурница и велосипедски парк  за најмладите“ - кажа Колев.

Објасни дека ќе има средби со граѓаните каде ќе ги објаснува неговите проекти и визии за развој на градот и населените места. Наскоро ќе биде отворен неговиот штаб, спроти зградата на Театарот, каде граѓаните ќе можат да ја добијат неговата програма со која настапува на овие избори.  

На прес конференцијата настапи и носителот на листата актерот Зоран Љутков.  Тој со објаснување зошто се реши да влезе во политиката ми како го гледа Велес во иднина, на културен план.

„Мојата идеја, визија за културата ја поднесов во ВМРО-ДПМНЕ, како најсилна политичка партија. Тие ја препознаа. Најреално е тоа што во иднина како Влада ќе го работиме во културата, да започнеме од Велес.  Мотото „Создаваме нова иднина“  е обнова на Македонија, ресетирање на општеството,  реинсталација на културните содржини, да се даде здрава содржина во кутлруата, образованието, здравството. Мојата тенденција е Велес да го вратиме на пиедесталот град на  културата,“ - кажа Љутков.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »