речник контакт

Колев - не планирам ниту еден проект кој се работи во општината, да закочам

Коцевски - Марко е скромен, чесен човек и верувам дека со успех ќе ја извршува функцијата градоначалник

Петар Печков

Пред добивањето на уверението за градоначалник, новиот Марко Колев и досегашниот Аце Коцевски имале едно часовна средба. На неа Колев бил запознаен со проектите кои се во тек во општината, кои се завршени на хартија и може да се работат но и со проблемите за реализација на одредени проекти, со пополнетоста на работните места, со бројот на вработени во администрацијата во локалната самоуправа. Двајца одржаа заедника прес конференција.

„Не планиран ниту еден проект да закочам, напротив со администрација да  продолжам со нивна реализација.   Разговаравме за плоштадот и паркингот во центарот на Велес, кое е на три нивоа и со сто паркинг места, до каде е тој проект за да може истиот да се реализира“ - кажа Колев на неговата прва прес конференција.   Тој со 37 години е најмладиот градоначалник во историјата на градот.

Најави дека прво нешто што ќе стори, откако неговиот потпис ќе биде легален како градоначалник, е да потпише документи за легализација, за тие што се одобрени од надлежните општински комисии. Но потенцира дека тука не спаѓаат дивоградби од долниот тек на река Бабуна.   
Коцески кажа дека имал добро искуство од соработката со Колев, кога тој беше раководител на Вардарски Плански регион.  

„Марко е скромен, чесен човек и верувам дека со успех ќе ја извршува функцијата градоначалник. Граѓаните на овие избори пратија порака дека не сакаат само бендисани и арогантни кандидати а тој не спаѓа во нив. Општина Велес има обезбедено многу средства од грантови на ЕУ, а многу малку средства од централната власт “ - рече Коцевски.  

На новинарското прашање за изборот на тимот кој ќе ја реализира неговата програма, како се вклопуваат постојните директори на локално ниво кои биле предложени и избрани од друга политичка опција, Колев одговори:

„Не ми е познато до кога им се мандатите. Во наредниот период планирам да се видам со сите поединечно и да разговарам со раководителите и директорите.   Ме интересираат проектите кои ги реализираат, останатото не ми е  во сферата на интерес. За тоа сменети, или остануваат, времето ќе покаже“ - кажа Колев.  

На прашањето дали ќе има негов тим во локалната самоуправа, кој ќе работи во реализација на ветени проекти Колев рече:

„Добро ја познавам состојба во локалната власт, има луѓе со добар квалитет. Согласно потребите ќе се постапува. Коцевски ме информираше дека има празни неколку раководни позиции, ќе пробам нив да ги пополнам“ - рече Колев.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »