Петар Печков
Објавено: четврток, 07 септември 2017
Александар Колев како член на Советот на Општина Велес, информираше на прес конференција дека доставил барање до Советот на општина Велес , на понеделничката седница да биде додадена и точка за референдум за населба за бегалци во Велес
Побарав на седницата да се стави точката за предлог одлука за референдум на локално ниво. Ја доставив и одлуката со која се предвидува Советот на Општина Велес да распише референдум за подрачјето на Општина Велес заради изјаснување на граѓаните за населување и интеграција на мигранти на територија на Општина Велес. С оваа одлука граѓаните на општина Велс ќе треба да се изјаснат на следното прашање ,,Дали сте з а населување и интеграција на мигранти на територијата на Општина Велес,,? . На ова прашање граѓаните ќе можат да се изјаснат со заокружување на зборот ,,за,, и зборот ,,против,, и така ќе го кажат својот став. Тој се предвидува ако биде прифатен ,да биде одржан заедно со веќе закажаните локални избори на 15 октомври годинава. Референдумот е со обврзувачки, задолжителен карактер и одлуката ќе биде задолжителна за институциите на локалната власт и државните институции – изјави Александар Колев. Тој ова негово барање го темели на Владината стратегија за интеграција на бегалци и странци за периодот 2017-та 2020та година. Колев ги повика членовите на Советот да ги надминат политичките разлики и да го поддржат референдумот и да одлучуваат во интерес на иднината на Велес, граѓаните и на Република Македонија. на новинарското прашање каде ги гледа бегалците кога во земјава ги има едвај 50-тина а нема наплив ниту на границите Колев рече дека ,,европските аналитичари предвидуваат дека во периодот кој следи голема е веројатноста и може да се очекува повторна навала на бегалци од загорзените подрачјата и дека останатите држави во регионот се организираат да спречат ваква нова навала,, . Престојаната 74-та седница на Советот, која треба да се одржи понеделник 11-ти октомври во 14ч.
На оваа прес конференција реагираше локалниот СДСМ од Велес.
На граѓаните им е кристално јасно дека кампањата за бегалците е партиска лага на ВМРО ДПМНЕ. Таа ги лаже граѓаните – во Македонија во моментов ниту поминуваат бегалци, ниту пак се очекува бегалска криза во периодот кој следува. Во Македонија ниту има бегалци, ниту ќе има станови за бегалци. Никој, ниту Министерството за транспорт и врски, ниту општините нема да градат станови за бегалци. Ќе има станови за социјалните случаи – граѓани на Македонија, а не за бегалци, кои немаат никаков интерес да остануваат тука. ВМРО ДПМНЕ лажат. Дури и Чадиев за еден медиум изјавува дека ниту една државна институција до сега нема побарано дозвола за градба, освен за детски градинки. Да ги погледнеме фактите. До сега низ се поминати низ Македонија преку 1 милион бегалци , од нив во Македонија на привремен престој има само 15 луѓе. Бегалците не остануваат и не сакаат да остануваат во Македонија. Референдумите по ова прашање се беспредметни. ВМРО ДПМНЕ да се вразуми и веднаш да престане да ги плаши граѓаните. Локалните референдуми се неприкосновено право на граѓаните за директно изјаснување, но тие треба да постојат за клучни прашања од нивни интерес, а не за измислиците и лагите на Груевски –пишува во реакцијата на велешкиот СДСМ.
Tweet |