Петар Печков
Објавено: недела, 05 јануари 2014
Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огин и притоа се пеат песни, се игра и се пие топла ракија.
На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Наредниот ден, на големиот Христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите од соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.
Еве како беше вечерва на коледарскиот оган во Агриа.
Tweet |