речник контакт

Колку летувалци кампираа на велешко езеро летово

Дваесетина кампери, повеќето од Велес и Скопје оваа година летуваа покрај езерото Младост, што споредено со претходните години е за десет пати помал број

Петар Печков

Дваесетина кампери, повеќето од Велес и Скопје оваа година летуваа покрај езерото Младост, што споредено со претходните години е за десет пати помал број. Но годинава за прв пат тие добија 60 парцели каде можеа да ги постават нивните шатори и камп приколки. Годинава плажите беа достапни за посетителите, кој ги имаше не само до Велес туку и од повеќе градови на Источна Македонија, но тие овој пат доаѓаа дневно, не со преноќување.  

Кампувањето на езерото Младост изнесуваше 50 денари од ден а висината на надоместокот  се намалува со времето  минато на кампување, така што доколку некој се реши да летува  три месеци беше 3,5 илјади а за четири месеци плати 4,5 илјади денари. Во надоместокот пресметано е користење на површината, уличното осветлување и користењето на подвижните санитарни јазли.

-  Добро е што годинава за прв пат имавме можност  да добиеме парцела  и некакви услови, за разлика од претходните години кога се беше на диво. Но сепак локалните власти ќе мора да воведат струја и вода за секој кампер. Ова е причината што така мал број кампери беа тука годинава - вели Илија Николов, кој тука мина дел од летото.

Локалната власт најави дека следната сезона ќе бидат во можност на секој кампер да му понудат вода и струја. До минатото лето, на велешкото езеро летуваа илјадници одморци, но тие не плаќаа никаков надоместок ниту пак имаа услови за кампување а го узурпираа крајбрежниот појас. Годинава сите тие се објекти се отстранети па плажата беше достапна за сите посетители, што тие го бараа со години наназад.

На условите за капење реагираа од Санитарната инспекција која посочи дека крајбрежјето на езерото Младост е неуредено, обраснато со трска, а иако има контејнери сметот се фрла насекаде. Тие имаат забелешки и на Градската плажа која е неурбанизирана и несоодветна за посетителите.

Инспекцијата им  препорача на градските власти за наредната сезона да ги исчистат и уредат плажите и конечно да заврши изградбата на канализационата мрежа која би ги прифаќала отпадните води, за тие да не се влеваат во езерото. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »