речник контакт

Колку пари, толку улици

Граѓаните се жалат што не се довршуваат улиците кои се уредуваат, од општината велат работат според средства кои ги одобрува Советот

Петар Печков

  Жителите од повеќе велешки улици реагираат на тоа што нивните улици не се довршуваат со поплочувањето и уредувањето. Реакциите дојдоа од граѓаните кои живеат на дел од улиците Максим Горки, Сараевска, Киро Чауле.

Ја реновираа улицата од Којник до Мегдан. Остнаа уште највеќе да бидат 60 метри после Мегдан. Овој наш дел го оставија така како што е лош, грд со крпеници. Зошто нас не прескокнаа, прашувавме но не кажуваат – велат жителите на улицата Максим Горки. Слична е реакцијата и од жителите на улицата Сараевска.

  За да стаса човек до кај нас дома, ако врне ќе биде кал до колена. Изградија нешто а поголемиот дел од оваа улица го оставија. До кога и за кого прашуваме. Колку пати сме реагирале до надлежните и до советниците да ја завршат улицава, но се е попусто- велат жителите од Сараевска. Ваква мака имаат и жителите од улицата   Киро Чауле, која се работеше последна, летово. И таа остана недовршена по целата должина. Од локалната самоуправа објаснуваат дека тие работат според програмата која ја носи Советот на општина Велес.

Работиме според донесена програма, изгласана од советниците. Тие решаваат што и колку ќе се гради во општината  и одобруваат средства.  Така постепено, сукцесивно, секаде по малку го уредуваме градот. Ако не е завршена некоја улица годинава, ќе биде следната. Мораме во сите делови до градот да работиме, бидејќи има доста улици за уредување – велат од локалната самоуправа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »