речник контакт

Колку пати да се чисти Потокот, повеќе е со смет отколку чист

Советниците бараат почесто да се чисти, локалните власти бараат некои од жителите да не го фрлаат сметот во Потокот

Петар Печков

Некои од советниците на последната седница, на точката за јавна чистота,  побраа почесто да се врши чистење на Дервенскиот поток, кој се чисти четири пати годишно- април, јуни,август и ноември. 

Но поради тоа што дел од граѓаните  кои  живеат во тој дел, несовесно го фрлаат ѓубрето во него, тој лани е чистен дополнително уште четири пати. Но мал е ефектот од тоа. Колку комуналците да го чистат, Потокот е во подолг период нечист, отворен контејнер за смет.     

Имаме документација дека два дена по чистењето на Потокот е повторно нечист. Многу пари се трошат на неговото чистење, се ангажира механизација а пристапот не  е лесен. Не  е само доаѓањето на водата во потокот проблем, апелираме до граѓаните да не го користат за фрлање на смет. Често наоѓаме кеси и вреќи со комунален отпад . Парите во програмата се броени, не можеме неограничено да чистиме, со ограничени пари. Мора да има ред,    оти никаде нема да стасаме и за да не биде лоша слика, граѓаните треба сами да си ја подигнат свеста. Потокот само во краток период е чист - рече  Билјана Шуркова Манаскова, општински инспектор за животна средина, пред велешките советници. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »