Петар Печков
Објавено: среда, 14 август 2019
Вторникот во период од шест часа, сообраќајната полиција контролирала, колку пешаците го Велес ги почитуваат сообраќајните прописи. Дали минуваат на пешачки и на зелено на семафорите.
На ден 13-ти август, од 7 до 13 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што, се констатирани вкупно 25 прекршоци, од кои седум во Велес, осум во Кавадарци и десет во Неготино. Некои од овие лица се писмено опоменати, а некои се упатени на сообраќајна поука -соопшти Верољуб Додевски портпарол на велешката полиција.
Tweet |