Петар Печков
Објавено: петок, 31 мај 2019
Нова сообраќајна контрола, овој пат колку пешаците ги почитуваат сообраќајните правила. Спроведена е на територијата на СВР Велес, во Велес, Кавадарци и Неготино. Се контролирало колку пешаците ги користат пешачките премини за минување или пак минувале на црвено на семафорите.
Четвртокот СВР Велес извршен контрола на прекршоци во сообраќајот, при што, се регистрирани 16 сторители на прекршоци, од кои, во Велес девет возачи, во Кавадарци два, а во Неготино пет пешаци кои направиле прекршок - пишува во информацијата на СВР Велес.
За потсетување во априлската акција, беа констатирани 14 вакви прекршоци кај велешани. Акцијата е советодавна, не се пишувале казни.
Tweet |