речник контакт

Колку трошат на патување Европејците

Најмногу трошат жителите на Луксембург а најмалку за патување трошат Романците и Летонците

Петар Печков

Граѓаните на Луксембург трошат најмногу пари на патување, во просек 740 евра по лице, споредувајќи со другите земји од Европската унија, покажува истражувањето на Евростат за 2015 година.

По нив следуваат граѓаните на Австрија, кои во текот на одморот за патување трошат околу 610 евра, а по нив се жителите на Малта, кои за патување трошат просечно 590 евра.

Најмалку за патување трошат Романците и Летонците, околу 116 евра, а по нив се граѓаните на Чешка и Унгарија, меѓу 120 и 130 евра.

Податоците на Евростат покажуваат дека меѓу 200 и 300 евра по лице на патување трошат жителите на Шведска, Словенија, Словачка, Хрватска и Грција, а меѓу 300 и 400 евра во Данска, Франција, Италија, Холандија и Финска.

Повеќе од 400 евра трошат Германците, Ирците, Кипарците, а над 500 евра трошат Белгијците и жителите на Малта, а над 600 Австријците и жителите на Луксембург.

Во просек во ЕУ на патување се троши по 320 евра, според податоците на Евростат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »