Петар Печков
Објавено: четврток, 14 јануари 2021
За време на дочекот на Православната Нова година, полицајците од СВР Велес извршиле контрола на возачите, дали управуваат возило под дејство на алкохол.
Во периодот од 17.00 часот на 13-ти јануари до 01.00 чaсот на 14-ти јануари констатирани се 11 прекршоци, и тоа пет во Велес, два во Кавадарци и четири во Неготино - соопштија од МВР.
Во исто време идентични сообраќајни акции се извршиле и во други градови во Македонија.
Сообраќајната полиција во Струмица и Штип констатирала дека по единаесет возачи возеле под дејство на алкохол, во Тетово шест, во Охрид пет и во Гостивар, Струга и Кичево по еден.
Tweet |