речник контакт

Колони возила попладнево во еден правец кон Азот и Извор, како за првомајските празници

Викендот со 61 часовен полициски час, дел од жителите ќе го минат во реонот на Азот и Јасеново. Министерот Филипче -мораме да покажеме максимaлна одговорност и без исклучок да се придржуваме до пропишаното

Петар Печков

Колони возила попладнево се регистрирани во правец на Азот и Извор, Општина Чашка, велат сведоци кои патувале во спротивен правец. Најголем број автомобили биле со скопски регистарски таблички, помал дел со велешки.  Тие што се упатиле во правец на село Извор,  ги посетуваат викендичките кои ги имаат во селата  Смиловци , Јасеново, Владиловци.

Околу 14,30 ч. на патот кон Јасеново имаше колона, како што среќаваме за Први мај. Толку гужва имаше.   Очигледно викендот ќе го минат во родниот крај - вели вработен од Болницата Јасеново, кој попладнево се враќал од работа.  

Идентична била состојбата и кон регионот на Азот, каде  гостите се упатиле кон селата  Папрадиште,  Богомила, Теово, Мартолци, Оморани.  Сопствениците на домот во село Папрадиште имале голем интерес дали објектот работи, но откако добиле негативен одговор, се дале во потрага по куќи во ова село, кои се изнајмуваат.

Одамна нема видено таква гужва во еден правец на овој пат, како една населба од Скопје да се иселила.   Решиле да уживаат во пролетта, која според метеоролозите овој викенд конечно ќе биде во полн сјај - вели велешанка кој се враќала од правец на Богомила.  Затоа пак велешани  фамилијарно се упатија кон селата Лисиче и викенд населбата во Горно Врановци.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак порача применувајте ги 

Пред нас е првиот викенд, кој целосно е забранет за движење, од денес 16 ч. до 5ч понеделник. Мислам дека сите граѓани ја разбираат потребата да се седи дома, посебно во вакви услови на убаво време.  Мораме да покажеме максилана одговорност и без исклучок да се придржуваме до тоа што е пропишано. Оваа состојба нема да трае вечно  и долго ако сите се придржуваме до мерките - кажа Филипче.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »