Петар Печков
Објавено: недела, 29 август 2010
Новите домови на велешани се во разни бои на виножитото. Колку е тоа во ред но дали има оправдување. Велешката архитектка Станка Амбаркова во нејзините трудови за стар Велес опишувајќи дека секоја куќа е обоена во различна боја, објаснува дека со тоа се праќа скриена порака
Ако во куќата имало машки за женење, фасадите се бојадисувале во ладни бои, сина, зелена а ако имала женски за мажење со бојадисувале со женски бои, црвена, розева.
Жолтата било дека има стара мома, пример е куќата на Џинот чија сестра била немажена.
Белата боја означувале дека или домаќините ќе одат на грубет или ќе одат како ајдути во шума. Бела боја - бела чума...
Така било некогаш, а како е денес. Повторно се враќаат колоритнте бои во фассдите на новогрдбите од Велес, што архитектите го посдравуваат. Но какви пораки тие испраќаат? Статусни, каков џип имаат, фирма, за моќта на газдата??
Tweet |