Петар Печков
Објавено: среда, 04 март 2015
Агенцијата за вработување од Велес доби нов раководител. Тоа е дипломираниот економист Весна Јакимовска, која беше избрана на конкурсот за оваа позиција. Досегашната в.д раководителка Валентина Костенова останува н во Агенцијата , од каде времено ја извршуваше раководната задача.
Велешката фабрика за шински возила ,,Колска,, доби нов директор. Избран е Љубомир Ивчев, дипломиран машински инженер, која ана оваа позиција доаѓа од самата фабрика, каде го минал поголемиот дел од работниот век. Досегашниот директор, гевгеличанецот Александар Атанасов е нов директор на ЈП Водовод и канализација во Скопје.
Tweet |