Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2011
Промовиран е новиот патнички вагон, кој велешка Колска го изработи за железницата. Фабриката за шински возила ,,Колска,, на Македонски железници – Транспорт и предаде нов вагон вреден сто илјади евра, изработен во нивните погони. На неговата реконструкцијата вработените работеле три месеци, за кој период тој е комплетно обновен и доби нов надворешен лик и подобар комфор за патниците.
Комплетно ја обновивме внатрешноста и надворешноста на патничкиот вагон, работа која чинеше околу 120 илјади евра. За илустрација да се купи еден нов вагон чини 1,2 милиони евра. Ова значи дека на МЖ со оваа репарација, таа заштеди големи средства. Вагонот се работеше три месеци иако можеме да го сработиме за еден месец, но такви се нашите технички можности. За прв пат сите седишта се обложени со кожа – изјави Александар Атанасовски директор на Колска, на промоцијата од новиот вагон.
На овој процес работеле 60-тина вработени од Колска а моментално кај нив на обработка се уште три патнички, една спална кола и 18 товарни вагони на ЈП МЖ-Транспорт. Средствата за обнова на овие вагони се платени однапред а само Колска треба да ја заврши обврската, да ги реконструира вагоните. Лани Колска на железница и дала два нови обработени вагони, додека годинава ова е втор вагон кој е реновиран.
Таа е една до малкуте фабрики на Балканот која врши поправка на возови и железнички коли и е во државна сопственост. Од фабриката велат дека можат да ги задоволат потребите на железницата со обнова на патничките коли, но останува прашањето колку патниците ги чуваат. Новиот патнички вагон од вчера попладне ќе сообраќа на релацијата Битола –Скопје во рамките на возот ,,Пелагонија експрес,, за чие користење се плаќа поскап билет.
Фискална проценка побарана од Владата била акцијата со која се евидентирале вработените до Колска, кој сака да замине предвреме во пензија, а во јавноста било претставено како завршен чин. Директорот рече дека тоа е само испитување и проценка, ништо конкретно.
Tweet |