Петар Печков
Објавено: среда, 25 јануари 2012
Фабриката за шински возила Колска од Велес за прв пат од осамостојувањето на Република Македонија ланската година ја заврши со добивка од 200 илјади евра. Директорот се пофали дека тоа е резултат на ангажираноста на Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие Македонски железници", кои на велешка Колска и обезбедиле редовна работа. На вака добрите финансиски резултати влијаела и реорганизацијата на капацитетите, но и проширувањето на дејноста кон странските пазари и реализацијата на договорот со Косово за поправка на поголем број товарни вагони, вреден 350 илјади евра.
Во овие 20 години, единствено во 2001-та имаме остварено 63.000 денари добивка, а сите други години Колска беше во минус, па и до 40 милиони денари. Покрај домашниот, странскиот пазар е клучен за добро работење. Осумдесет милиони денари што ги имаме остварено се од странство. Ние и на странските партнери и на МЖ им докажавме дека знаеме добро и квалитетно да вршиме поправка на товарните и патничките вагони. За Колска нема повеќе да има проблеми - вели Александар Атанасов, директор на Колска.
И додека раководството се фали на постигнатите резултати, работниците потсетуваат дека тие се остварни со зафаќање од нивниот џеб. Кровот по ланското невреме е поправен од платите а заради штедење зимава тие работат на зимски температури во погоните, каде нема греење.
Tweet |