Петар Печков
Објавено: петок, 24 јуни 2016
Вторник вечер во театарот во Велес, гостува Народно позориште од Ниш Србија со комедијата Жорж Данден од Молиер. Ова е почеток на Велешкото културно лето. Почетокот е во 20 ч. а претставата ќе се одигра на сцената на театарот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Влезот е бесплатен, но треба да се подигнат билети за да се следи претставата.
Молиер во комедијата Жорж Данден е со сериозна критика на лицемерието. На Жорж Данден, селски богаташ , обидувајќи се да се доближи до аристократија и да се добие титула благородник, тој се оженил со благородничка кој го претвора во рогоносец и го презира. Сепак, неговата суета, глупоста и алчноста неизбежно го доведе во калта, а тој, понижен и поразен, сфаќа дека парите не можат да купат најскапоцената работа - љубовта.
Молиер, рафинирано познавач на сите нијанси на човечката природа и вина, преку смеа ја потврдува својата актуелност и денес, во време во кое човекот е во постојана потрага по пари заборавајќи на вистински човечки вредности и она што во суштина го прави животот поубав.
Режија: Драгослав Савиќ, Сценографија: Славиша Филиповиќ, Костимограф: Дејан Гоциќ
Музика: Анѓела Ерчевиќ - виолончело, Михајло Јовановиќ – виолина
Настапуваат:
Жорж Данден,– Драгослав Савиќ
Анжелика, жена на Жоржа Дандена – Снежана Петровиќ
Клитандар, љубовник на Анжелика – Александар Крстиќ
Клодина, слугавка на Анжелика – Маја Вукојевиќ Цветковиќ
Либен, слуга на Клитандар – Данило Петровиќ
Колен, слуга на Жоржа Дандена – Дејан Гоциќ
Господин од Сотанвил – Мирослав Јовиќ
Госпоѓа од Сотанвил – Весна Станковиќ
Со оваа претстава започнува Велешкото културно лето а во следниот период дел од оваа манифестација ќе биде и фолклорниот фестивал.
Tweet |