речник контакт

Комисијата за полагање возачки проработе а проблемите останаа

По половина година велешани можат повторно да полагаат возачки испити но како да се решат заостанатите парични проблеми

Петар Печков

Комисијата за полагање возачки изпиту од средината на септември повторно е офоремна и проработе, бидјеќи  на претходната поради одредени законски прекрошци и  беше одземена дозволата за работа.

Но паузата од половина година создаде проблеми на кои се жалат кандидатити кои во тој период не можеа да полагаат. За дел од нив поминати се 18-те месеци период до кога важеше лекарското уверение, па ќе мора да вадат ново и платат 1.600 денари.

Други кандидати имаат проблем со полагањето на практичниот дел од возачкиот испит, откако тесотвите ги положиле кај претходната комисија. Тие за ова имаат уредно платено но бидјеќи тоа е кај друго лице сега ќе мора да платат повторно за да можат да полагаат. Новата комисија не им го признавала платеното кај другата комисија а старата не им ги враќа парите, згора на тоа таа е во Кавадрци и мора до таму да патуваат и неизвесно е дали парите ќе им бидат вратени.

Кандидатите кои се судруваат со овој проблем не знаат каде да се обратат, кај која надлежна инспекција за да си ги реализираат нивните права и   да не  ги  плаќаат туѓите грешки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »