речник контакт

Компиријада 2023 во Горно Јаболчиште (фото)

Мештаните очекуваат оваа манифестација да им овозможи Македонија да слушне за нивните производи, кои го носат печатот на квалитет и здрава еколошка и органска храна

Петар Печков

Изминатиот викенд во Горно Јаболчише се одржа традиционалната „Компиријада 2023“.  Првата манифестација “Компиријада” се одржа во 2010 година. Секоја година во зависност од временските услови во месеците октомври- ноември се одржува оваа манифестација. Таа  е во организација на Општина Чашка и ОУ „Лирија“ Горно Јаболчиште.   

Локалните производители на компири, овчо сирење, зелка, костени, имаа можност своите производи да ги понудат на посетителите, гостите во местото каде се произведуваат. Компирот  е  одгледан е во чиста еколошка средина, што му дава на квалитетот.

Мештаните  очекуваат оваа манифестација да им овозможи Македонија да слушне за нивните производи, кои го носат печатот на квалитет и здрава еколошка и  органска храна, па така ќе може да ги пласираат и продаваат, да не остануваат за домашна употреба.  

Горно и Долно Јаболчиште кои се на повеќе од илјада метри надморска височина, под врвот  Солунска глава, на падините од планината Јакупица, имаaт можности за одгледување на компирот. Затоа  разбирливо е што тој е препознатлив знак за овој крај.

Жителите живеат од продажбата на  компир, но одгледуваат и стока  овци и крави, доста од младите  во потрага по живот, се заминати  во странство. Таму работат, па така ги прехрануваат нивните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »