речник контакт

Кондуктер пријавил физички напад од патник во воз

Инцидентот се случил во петокот навечер во возот од Битола кон Велес, на станица Стари град

Петар Печков

Петокот навечер во патничкиот воз од Битола кој доаѓал кон Велес пријавен е инцидент, кондуктерот бил нападнат од патник. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 27 февруари во Полициското одделение Чашка е пријавено дека околу 20:25 часот, на железничка станица „Стари Град“ во патнички воз, по претходно недоразбирање Н.С.(33 год) од Скопје, вработен како кондуктер, бил физички нападнат од Љ.Д.(59 год) од село Извор, општина Чашка“ – информира Ана Милеска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

По документирање на настанот против Љ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »