Петар Печков
Објавено: четврток, 23 април 2015
Конечно и Велес доби метеоролошка станица. Така жителите ќе можат да знаат колкава е температурата во градот, преку најмеродавни и веродостојни aпарати на Управата за хидро метеорологија.
Податоци за временската состојба, температура, количество врнежи - ова се дел од информациите кои ги нуди новата автоматска станица на УМХР поставена е во дворот на општата болница, близу хелидоромот, во правец кон месноста Германски гробишта.
Од УХМР велат дека мерното место во Велес ќе помогне во подобрување на мрежата од хидрометеоролошки станици во државата. Токму ова и овозможува управата да понуди долгорочни податоци за временската состојба.
Tweet |