Петар Печков
Објавено: недела, 11 октомври 2026
Се одигра петото коло од Трета лгиа Југ.Фудбалерите на ФК Борец без победа на домашен терен, без голови 0:0 одиграа со ФК Росоман.
Конечно победа и за ФК Башкими, на гостувањето во Прилеп против ФК Ултрaс, кој беше подобро пласиран и тоа со 2:4 (0:0). По двете реми и двата порази, победа за составот од Горно Јаболчиште.
Peми за екипата на ФК Превалец на гостувањето во крушевско против ФК Бучин од истоименото село 1:1 (1:0). Во второто полувреме при резултат 1:1, фудбалерот на ФК Превалец Панев не реализира пенал за победа.
Во шестото коло дербито е помеѓу ФК Победа првопласирана и ФК Борец второпласиран, ФК Превалец кој е четврти игра дома со десетопласираниот ФК Питу Гули од Крушево а ФК Башкими-осмопласиран, во Чашка игра соседско дерби со седмопласираната ФК Победа од неготинско Пепелиште.
| Tweet |




