Петар Печков
Објавено: недела, 22 септември 2024
Ракометарите на РК Бисинов во третото коло, прво на домашен терен, очекувано загубија од првакот РК Еурофарм Пелистер со двојно повеќе примени голови, отколку што дадоа 21:41 (9:20). Во следното коло гостуваат во Скопје на РК Пролет, кој има две реми а помладиот велешки ракометен лигаш има една победа и три бода.
Победа за фудбалерите на ФК Борец во Втората лига, по серијата од четири порази, три во првенството и еден во Купот и елиманација уште во 1/16. Сефтето се случи во петотто коло по проемната на тренерот, на Градски во Велес а поразен беше тимот на ФК Вардарски од Богданци со 3:1 (1:0). Ова беа првите три голаљ за велешани по четири натпревари. Стрелци за ФК Борец беа Флорент Османи во 28, Павел Петров во 58 и Јосиф Манасиев во 60 а за гостите Славе Танов во 87 од пенал. Со првата победа велешани го напуштија последното место на табелата и сега се 12 со три бода од 16 екипи. Во следното коло, 4-тото кое се игра в среда, ФК Борец гостува во Македонска Каменица на составот на ФК САСА кој е 12 со два бода.
Се одигра третото коло од Трета фудбалска лига Југ, каде славеа и двете екипи од ОФС Велес. ФК Башкими од Горно Јаболчиште победи со 3:0 против составот на ФК Бучин од истоименото крушевско село, кој имаше освоено еден бод. По ова коло составот од Горно Јаболчиште е на делба на првото место со седум бодови, колку што има и ФК Венец од Долни Дисан, неготинско. Во следното коло дерби, играат во Прилеп со ФК Ултрас кој е трето пласиран и проверка на можностите на составот на ФК Башкими.
Прва победа и за екипата на ФК Превалец, која во Прилеп го победи сосавот на ФК Ултрас, кој е второпласиран. Превалчани славеа со 0:2 (0:0) и се најдоа на 6 место со три бода. Во следното коло, дома играат со ФК Слога од прилепско Лажани, која е 8 пласирана со 3 бода.
Во второто коло од Втората женска фудбалска лига, составот на ЖФК Борец загуби дома со 0:11 од ЖФК Вардар од Скопје. Во следното коло гостуваат во Охрид, на ЖФК Билјанини извори, кои по две кола имаат една победа.
Tweet |