речник контакт

Константин Атанасов прв мустаќ на Велес

Заврши Мовембар, мустаќите се избричија а хуманитарно се собраа 50 илјади денари

Петар Печков

Kонстантин Атанасов е најмустаќ на Велес  на традиционалниот ,,симпозиум,, кој како завршница на Мовембер движењето се одржа во ПАБ.  Тој е седмиот победник, во месецот посветен на машкото здравје, кога со пуштање мустаќи, се подига свеста за значењето  на превентивата за т.н. машки болести. За мустаќ во обид беше прогласен Антонио Ристов.  Мустаќите се избричија, но пораката за машкото здравје остана.  

Преку добра забава успеавме кај младата популација во Велес да  ја испратиме пораката за здравје и  превентива од машките болести. И овој ноември преку различни форми на активности  се дружевме, забавуваме  и пред се, се боревме  со предрасудите  за  т.н. машки болести -рак на тестиси и рак на простата.   Со оваа наша акција, со купување  маичка мовембар, се донираше и  поддржуваше активноста, ги поттикнуваме мажите да бидат свесни за поздрав начин на живот.  Или  ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје -  кажа Иван Сарагинов  еден од  организаторите на движењето Мовембар.  

Годинава од различни активности се собраа 50 илјади денари, кои ќе ги доделат на сограѓанин, на кои му се потребни за лекување.  Преку  движењето   Мовембар  од почетокот на ноември,   со носење на мустаќи, со промена на изгледот,  го привлекуваа  вниманието на јавноста, ја  подигаа свеста и  грижата за машкото здравје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »